Шест причини зошто да го вклучите ѓумбирот во Вашата исхрана

Точка

19/05/2017

10:29

643

Големина на фонт

а а а

Ѓумбирот го пронајде своето место во многу вкусни јадења, а често се додава и во чаевите и смутијата.

Освен финиот и пикантен вкус, за тоа се заслужни и неговите бројни здравствени придобивки. Еве само дел од нив: 

Делува антивоспалително

Ова е едно од најпознатите делувања на ѓумбирот. Со редовната консумација се намалуваат воспаленијата, благодарение на антиоксидансите кои тој ги содржи. Исто така, антиоксидансите ја прочистуваат и крвта.

Извор на витамин Ц

Ѓумбирот помага во борбата против слободните радикали и го поттикнува производството на колаген во кожата. На тој начин допринесува за здрава кожа, но и здрави клектки во организмот.

Го намалува крвниот притисок 

Ова е факт во кој се увериле бројни лица кои страдаат од висок крвен притисок. Со редовната консумација на ѓумбирот доаѓа до значајно намалување на крвниот притисок, пренесува порталот Healthy Builderz.


Содржи калиум

Ова е посебно корисно за оние кои се посветени кон зголемување на мускулната маса бидејќи ѓумбирот допринесува за развој на мускулите додека истовремено го снабдува телото со протеини. Тој помага и во разградување на јаглехидратите, по што се чувствува поголем наплив на енергија во организмот.

Го стимулира дигестивниот систем

Ѓумбирот ја стимулира работата на дигестивниот систем, ги прочистува цревата и помага во чистење на организмот од штетните материи.

Доза на фосфор

Фосфорот е многу важен елемент за човековиот организам, бидејќи ги штити коските и забите. Освен тој, овој минерал игра важна улога во разградување на мастите и јаглехидратите.


Спонозорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk