Најдоброто од портокалот: Прав кој содржи двојно повеќе витамин Ц од пулпата

Точка

18/05/2017

16:40

1.157

Големина на фонт

а а а

Кората од портокалот содржи разни нутриенти и високо ниво на витамин Ц. Таа содржи салвестрол Q40 и лимонел, кои се ефективни во борбата против ракот на дојка и дебелото црево.

За да го искористите најдоброто од ова овошје, сè што Ви е потребно се домашни и непрскани портокали. 

Витаминот Ц е неопходен за нашиот организам. Овој корисен витамин е одличен во борбата против разните болести, настинки и инфекции, но исто така, тој има важна улога и во регенерација на ткивата и во борбата против слободните радикали. Со овој домашен прав од портокал можете ефективно да го искористите сиот витамин Ц. Имено, токму во кората од портокалот се крие најголемата концентрација на овој витамин. 


За неговата припрема потребни Ви се неколку портокали, но важно е тие да бидат домашни и непрскани. Излупете ги портокалите, а нивната кора ставете ја во рерна за да се исуши. Потоа, сомелете ја со помош на мелница за кафе или блендер. Вака подготвениот прав, ставете го во стаклена тегла и добро затворете.

Една лажичка од овој прав содржи двојно повеќе витамин Ц отколку самото “месо” на плодот. Можете да го консумирате со вода, или како додаток во Вашето утринско смути или јогурт.

Исто така, со овој прав од портокал може да ги ароматизирате Вашите десерти.


Спонозорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk