Марија Кочевска и Ивана Лембовска: 100-дневен фитнес предизвик за совршено тело

Точка

10/04/2017

15:10

9.103

Големина на фонт

а а а

Мислевте дека на девојките од поранешните ЈУ држави им е лесно да бидат згодни и дека е генетиката во прашање кога станува збор за нивниот изглед? Марија Кочевска - сопственик на Фитнес и Аеробик клубовите за жени 60 Минути и Ивана Лембовска - личен тренер во 60 Минути, во соработка со меѓународниот ланец на ресторани Prote.in велат дека со факти ќе ви го докажат реалниот труд за совршен изглед.

Тие воедно ја предизвикаа Марија да го демонстрира процесот на оформување на совршено фит тело кое што професионално ќе го изведат во текот на 100-дневниот план кој го имаат припремено. Истиот проект бил спроведен и минатата година, но не бил медиумски пласиран. Ова лето со желба да ги мотивираат жените да бидат активни и истрајни во процесот решија да споделат како една жена треба да работи на сопствениот изглед пред да облече бикини. 

Правилата се:

  • 100 ДЕНА
  • БЕЗ ГЛУТЕН
  • БЕЗ КОНЗЕРВАНСИ
  • БЕЗ БРЗА ХРАНА
  • БЕЗ ПРЕРАБОТЕНИ ШЕЌЕРИ

Секој што сака да им се приклучи е добредојден, a како тие го прават тоа може постојано да следите на профилот на Марија на Instagram и Facebook, каде што таа ги споделува секојдневните активности на нејзиното Live story.

Во продолжение, дознајте повеќе за фитнес предизвикот преку интервјуто на Марија Кочевска и Ивана Лембовска.

Кога започна овој фитнес предизвик и со која цел направивте ваков несекојдневен проект?

Марија Кочевска: Започнавме на 20ти март со тоа што објавивме дека на секои 15 дена ќе има споделување на напредокот во текот на целиот проект. Првите резултати веќе се објавени на мојот профил на Инстаграм и во самиот старт сум доста задоволна. Реално е на првите резултати секогаш да биде најочигледна промената поради првичното чистење од задршка на течности и вишок масти после зимските празници, се надевам дека така ќе продолжи процесот и понатаму. Мора да напоменам дека вага не користиме, поради нереалната рамномерност на изградената мускулна маса наспроти масните наслаги.  


Целта на овој 100 дневен проект е да се покаже реалниот труд кој една жена треба да го вложи за да изгледа фит и секси. Многу од жените во Македонија, поради секојдневните обврски забораваат дека треба секогаш да изгледаат убаво и привлечно, а многу често по неколку зголемени килограми се препуштаат на судбината и оставаат истата да ги занесе. Со прифаќање на овој предизвик сакам да покажам дека и жените можат да го подготват своето тело и да го направат какво што секогаш посакувале да им биде со дисциплина и редовност.

Какви тренинзи се опфаќаат за време на предизвикот?  

Ивана Лембовска: Токму поради најголемата важност на тренинзите овој предизвик трае 100 дена или поточно кажано толку колку што е потребно за да се обликува едно здраво, цврсто, убаво и енергично бикини тело. Во овој предизвик, најголем акцент има тежинскиот тренинг за кој е изработена строга и без отстапувања 3 месечна програма во која сите тренинзи се меѓусебе поврзани на еден систематски начин, а се дополнети со различен тип на кардио тренинзи и пилатес систем на вежби.

Како што споменав, тежинскиот тренинг е однапред дефиниран, по строго определени правила, додека пак кај дополнителните тренинзи оставив поголем простор за флексибилност и варијации во зависност од тоа како се одвива прогресот и како реагира телото за време на предизвикот. Дел од кардио тренинзите се со повисок интензитет и се изведуваат во сала за вежбање, но има и такви кои се со понизок интензитет и подолго траење и се изведуваат во природа. Што се однесува до пилатес вежбите, тие се наменети за зацврствување на стомачните мускули и истегнувањата претставуваат неизбежен дел од одморот и рехабилитацијата на телото која е многу важна во целиот процес. 


По што се разликува овој фитнес предизвик од регуларното редовно вежбање?  

Марија Кочевска: Не се разликува многу. Доколку редовно вежбаме во текот на целата година и се посветиме на себе и убаво се храниме 365 дена нема да има потреба од забрзување на процесот на оформување пред летните денови, но во случај на секојдневни работни обврски кои се неизбежни некогаш знаеме да прескокнеме редовен оброк или тренинг. Сето тоа нашето тело го памти. Како што го памти и изминатиот труд во сала, секој тренинг и секое кревање на тежини. Ќе напоменам дека пред 6 години пред да започнам со вежбање имав проблем со прекумерна тежина и последните килограми се најтешки да се отстранат, но секоја година успевам да направам подобар резултат, со напорна работа и дисциплина. Во мојот случај редовни тренинзи само ја одржуваат формата до тогаш постигната, ако сакам повеќе треба да вложам поголем труд. Токму тоа го правам секогаш во летните припреми. Зимата е за сармички и ајвар. Ха ха 

Колку исхраната го диктира изгледот? Како треба да изгледа начинот на исхрана на оние кои вежбаат?  

Ивана Лембовска: Исто како што еден многу убав фустан не им прилега на сите жени, така и не постои и еден најдобар начин на исхрана кој би бил соодветен за сите оние кои вежбаат. За начинот на исхрана да би бил соодветен потребно е намирниците кои во него се вклучени да бидат богати со нутритивен материјал и чисти од разни адитиви, конзерванси, шеќери, глутен, квасец, вештачки ароми , бои и други додатоци, со што би ги нахраниле нашите клетки и би ни ја дале потребната енергија да ги издржиме напорните тренинзи. Храната сама по себе не гарантира по автоматизам добар или лош изглед, туку таа е потребната алатка без која ние не би можеле да работиме кон сопственото дефинирање на нашиот изглед. 


Колку време е потребно за да се забележат првите резултати?  

Ивана Лембовска: Доколку сме доволно проникливи, резултатите ќе почнеме да ги забележуваме уште првиот ден. Една од поубавите нешта кои се случуваат кога се справуваме со фитнес предизвиците е во тоа што почнуваме да стапуваме во контакт со нашето тело и постојано стануваме свесни за промените кои настануваат во него. Во текот на фитнес предизвикот полесно стануваме свесни за секоја реакција на телото кон одредена храна, тренинг или воопшто стил на живот. Така учиме колку брзо ни реагира или не реагира кон разни стимули, дали реакциите се пријатни или непријатни, дали дава отпор и ги прифаќа промените. Процесот на трансформација е богат со искуства и со помош на секое искусво стануваме мудри за тоа подобро да менаџираме со нашето тело и нашиот метаболизам за да функционира на начин кој е во наша корист, а не на наша штета.Да се постигне успех да се менаџира со себе е единствениот резултат кој е долготраен и кон кој треба да се стреми секоја жена.  

Искусните спортисти велат дека исхраната е 70%, вежбањето 30% од процесот на дефинирање на телото. Како издржуваш Марија, дали ти се јадат недозволени работи? 

Марија Кочевска: За гурман како што сум јас, тешко е. Точно, диетата е многу битен дел од процесот. Но, кога ќе се направи точен план кога кој оброк се јаде и што е најдобро за кој дел од денот станува поедноставно. Со надзор на стручно лице и мотивација и поддршка каква што добивам од Ивана и од Prote.in процесот станува значително полесен и позабавен. Кога сакам благо јадам палачинки со добра природна и високоенергетска содржина, кога ми се јаде брза храна јадам Хулк, кога сакам нешто што не смеам секогаш добивам нешто за замена. Храната во Prote.in е непреработена, чиста и високопротеинска, совршена за спортисти и луѓе кои внимаваат на своето здравје, а цените се достапни за секој.  


Кои се Вашите совети за дамите кои не се доволно мотивирани да вежбаат? 

Марија Кочевска: Да се сакаат себеси малку повеќе.  


За крај, дали и како некој може да се приклучи кон оваа иницијатива и каков одзив имате во првите 3 недели?  

Ивана Лембовска: Многу ме радува тоа што за кратко време заедно со Марија успеавме да инспирираме и мотивираме многу лица кои пројавија желба да го дадат својот придонес кон овој 100 дневен фитнес предизвик, но и такви кои пројавија желба со наша помош да ги реализираат нивните сопствени лични предизвици. Бидејќи секоја жена е специфична и посебна на свој начин, изработивме посебени планови за исхрана , тренинг програми и поддршка преку размена на искуства со чија помош би им помогнале во реализацијата на целите кои си ги поставиле самите. Ги охрабрувам сите девојки и жени кои што имаат повисоки очекувања од себе си и не се задоволуваат со просечни резултати, да се обратат во фитнес и аеробик клубот за жени 60 минути во Скопје или на телефоните 072/208-208 и 078/329-884, да добијат поконкретни информации и ова лето да го разубават омиленото бикини со своето ново обликувано тело.




Спонзорирани линкови

Маркетинг