Панче Стоименовски, маркетинг менаџер на Мебел-Ви: Купувањето он-лајн не е табу-тема во Македонија

Точка

08/02/2017

15:30

6.855

Големина на фонт

а а а

Мебел-Ви Дооел Виница е компанија за производство и продажба на мебел, која постои од 1997 година. Таа, оваа година ќе го прослави својот јубилеен 20-ти роденден. Како компанија, Мебел-Ви веќе се позиционира на лидерското место на пазарот во Македонија и нуди вработувања на повеќе од 170 високо обучени лица.

Мебел-Ви е првата компанија во Македонија која го сертифицираше своето производство и се здоби со сертификати за своите производи од сите категории. Компанијата ги следи светските производствени практики, достигнувања и технологии и постојано инвестира во процесот и капацитетот на производство. Производните линии се сместени на површина од околу 15.000м2.

Во Македонија, компанијата Мебел-Ви е застапена со 7 сопствени брендирани салони со изложбена површина од 14.500м2 и современ магацински простор од 6.500м2.

Освен продажните центри, Мебел-Ви е првата компанија во Македонија која нуди oн-лајн продажба на мебел. На оваа тема, поразговаравме со маркетинг менаџерот - Панче Стоименовски.

Кога започна со работа првата он-лајн продавница за мебел во Македонија?

Панче Стоименовски: Првата он-лајн продавница за мебел во Македонија - KupiMebel.com.mk, Мебел-Ви ја започна пред неполна година, набрзо по воведувањето и претставувањето на нашиот нов бренд на производи - Status.


Основната мисија на Status е производство и понуда на квалитетен мебел, кој е едноставен за користење и кој нуди најдобра цена на пазарот во Македонија. Пред нас поставивме визија да станеме партнери на секој дом во Македонија. За исполнување на овие цели, целокупната програма на овој бренд ја креиравме врз база на барањата на потрошувачите за лесно достапни производи, кои се истовремено функционални и лесни за монтажа, со оптимизирано производство и со постојано супер цени.

Во моментов сме насочени кон активностите за одбележување на 1 година од работењето на Status и по тој повод стартувавме со акцијата “12 месеци Status – 12 дена Супер попусти” која важи во он-лајн продавницата како и во сите наши салони, на голем дел од производите од оваа трговска марка.

Знаеме дека он-лајн купувањето е секојдневна работа во светот, но сè уште табу-тема во Македонија. Како се справувате со тоа?

Панче Стоименовски: За да останеме доследни на поставените цели за лесно достапни производи за секого, од голема важност беше да воведеме он-лајн купување како нов канал за продажба на ваков тип производи на македонскиот пазар.

Точно е дека ваквиот начин на купување сè уште има предизвици на нашиот пазар, и кај дел од потрошувачите постои резервираност, па и одреден страв од купување на мебел преку интернет. Со цел да го задржиме нивото на квалитет и сигурност кој постои во нашите салони, но и да ги охрабриме потенцијалните потрошувачи, самата он-лајн продавница ги има следните карактеристики: имплементиран е најсигурен систем на наплата, веб-страната содржи детални упатства за начинот на купување и можност секој потрошувач да го оцени купениот производ односно јавно да го сподели своето искуство. Покрај тоа, имаме и цел тим од професионалци кои стојат на располагање за одговор на сите прашања кои ги имаат нашите потрошувачи, како и многу други модули од интерес на купувачите.

Дали сте задоволни од он-лајн продажбата и дали истата се реализира според очекуваното?

Панче Стоименовски: Со големо задоволство можам да изјавам дека интернет продажбата оди одлично и од месец на месец, сè поголем број на клиенти го одбираат овој начин на купување, покрај стандардниот. Заедно со нив ги премостуваме гореспоменатите “бариери”, и како прва компанија која воведе интернет продавница за мебел во Македонија веќе поставивме стандарди на пазарот и секако го даваме својот придонес во развојот на е-трговијата во нашата земја.

Каква е таргет групата која купува он-лајн мебел? Дали станува збор за луѓе кои купуваат поскапи парчиња или бараат производи со попуст?Панче Стоименовски:

Анализите покажуваат дека луѓето кои купуваат во нашата интернет продавница не можеме да ги класифицираме само како една група/тип на купувачи. Поради тоа, со текот на времето ја зголемивме и понудата на производи, достапна во самата продавница и во моментов, освен производите од пониската ценовна категорија, нудиме производи и од стандардното портфолио на Мебел-Ви.

Која група на производи најмногу се троши он-лајн?

Панче Стоименовски: Во моментов, интернет продавницата има околу 100 производи групирани во повеќе од 10 категории и видови на плочест мебел. Поради своите карактеристики, како изборот на бои, дезени и материјали, понудата на тапациран мебел е сведена на минимум, бидејќи за овој дел сè уште важат традиционалните навики за купување, со тестирање на производот и материјалите.

Во секој случај, заклучокот е дека купувачите го бираат овој канал на продажба најчесто кога бираат производи од следниве категории – комоди и клуб маси, комплетни спални и детски соби, душеци и ормари, како и готови блок-кујни. Секако, продажбата оди одлично и на канцеларискиот мебел каде што имаме голем избор на производи.

Кои се предностите на он-лајн купувањето?

Панче Стоименовски: Генерално, главната предност на секое он-лајн купување е секако едноставноста, брзината со која се купува, како и можноста за директна споредба на цените и карактеристиките на голем број артикли со само еден клик.

За купувачите кои ја користат можноста за купување преку интернет продавницата KupiMebel.com.mk, во секое време нудиме голем број производи со супер намалени цени и попусти кои не се актуелни во самите салони. Со ова, освен заштедата на време, нашите клиенти директно заштедуваат и пари, купувајќи од удобноста на својот дом или канцеларија.

Како ја вршите испораката и под кои услови? Дали доставата до дома се доплаќа или е вклучена во цената?Панче Стоименовски:

Водејќи грижа за сите наши корисници, за он-лајн купувањето се определивме воведување на истите практики и придобивки кои важат и за оние купувачи кои купуваат директно во нашите салони. За таа цел нудиме бесплатна достава на производот за секој оној кој ќе се одлучи да биде наш купувач, без разлика на вредноста или типот на производот кој ќе го купи.

Испораката ја вршиме преку наша дистрибутивна мрежа, со сопствени возила до секое населено место во Македонија.

Кои други услови важат при он-лајн продажбата во Вашата продавница, кои се од голема важност за купувачите?

Панче Стоименовски: За он-лајн продажбата, освен ова што го споменавме досега, важат сите услови од Правилникот за условите на продажба и услугите кои ги нуди Мебел-Ви. Правилникот ги опфаќа, регулира и појаснува сите работи околу времето на испорака, начинот на решавање на потенцијалните рекламаци, заштитата на личните податоци и многу други работи. Истиот е јавно објавен и на веб-страницата на самата продавница.

Што би им препорачале на луѓето кои сè уште не пазарувале он-лајн, односно припаѓаат на групата луѓе кои слушнале, но немаат пробано он-лајн купување?Панче Стоименовски:

Најпрвин да им се заблагодарам на сите кои досега пазаруваа во нашата интернет продавница, кои го дадоа својот придонес во развивањето на овој сектор и кои навистина беа пионери за ваков тип на купување на мебел. Заедно со нив ги надминавме сите предизвици, и нивните сведоштва говорат дека сме биле во право, кога претставиме ваква новина на пазарот во Македонија. Врз основа на нивната поддршка, следејќи ги нивните потреби и барања, наскоро очекуваме да ја зголемиме нашата понуда достапна на интернет со уште поголем број производи.

На оние кои сè уште не пазарувале он-лајн, а имаат потреба од мебел за својот домашен или работен простор, ги поканувам да ја посетат нашата интернет продавница KupiMebel.com.mk, да ја разгледаат самата понуда и да се уверат во фактот дека нудиме целосни решенија за уредување на домот, по најприфатливи цени на пазарот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг