Одбери категорија:

Александар Пејчиновски од концертната агенција „3 Гонга“: Почнуваме со Дамир Пух и Ерик Геилс, а во преговори сме со Брус Вилис

Тој стои зад новоформираната концертна агенција и продукција „3 Гонга“, a со него колаборираат Васја Ивановски и Здравко Ситновски – Ситна. Тројца долгогодишни музикофили, подеднакво познати на скопската андерграунд и на меинстрим сцената. Како тројка се поделени со вкусовите, Пејчин по џезот, фанкот и соулот, Васја по блузот и Ситна по рокот, но едно ги спојува - добрата музика.

Прочитај повеќе

Жарко Лаушевиќ: Не сакам кога љубовта ме боли

Скопје ќе ја има честа да биде домаќин на еден од најголемите актери од поранешните југословенски простори Жарко Лаушевиќ чија интригантна животна приказна, во екот на неговата кариера, го оттргна од регионот.

Прочитај повеќе

Владимир Петровиќ: Приказната за “Фамилијата Марковски” е без влакна на јазикот и токму затоа со сигурност нема да ве остави рамнодушни

Тв серијата “Фамилијата Марковски” ни носи една скопска урбана приказна којашто со сигурност нема да ве остави рамнодушни. А освен социјалните, приказната ни ги пренесува и политичките турбуленции коишто владеат во нашето општество веќе повеќе години наназад. Во некој од ликовите веројатно ќе се препознае и голем дел од публиката која ќе ги лоцира проблемите на нашето општество. Овојпат поразговаравме со Владимир Петровиќ, за нас добро познат како Мали од “Наше Маало”, а кој во приказната за “Фамилијата Марковски” ќе ни го претстави ликот на 24-годишниот Виктор Марковски.

Прочитај повеќе

Драгана Костадиновска и Висар Вишка: „На терапија“ ќе биде нешто најдобро што македонската публика го видела досега

Талентираните македонски актери Драгана Костадиновска и Висар Вишка во серијата „На терапија“, чие емитување со нетрпение го очекуваме овој понеделник, 18-ти септември во 22:20 часот на „ТВ Сител“, се појавуваат во улоги на две личности кои чинат една заедница. Драгана ја толкува младата и успешна Зана, а Висар ликот на бизнисменот Гент. Заедно, Зана и Гент се пар чиј брак е во длабока криза поради низа меѓусебни провокации, обвинувања и нерешени проблеми од минатото.

Прочитај повеќе

Сашо Димоски: Од аспект на уметничка провокација, Ана Комнена е мојот женски Хамлет

За жал со Сашо не успеавме да се сретнеме во Скопје, голем дел од времето сега го поминува во Велес, но среќа, се имаме сретнато безброј пати претходно па оваа празнина од последното (не)гледање можеше лесно да биде пополнета.

Прочитај повеќе

Интервју со Јована Аврамовска од Фчерашни Новости: Очекувајте надградена и подобрена верзија!

После 3 месеци од крајот на првата сезона на Фчерашни Новости, овој викенд стартува и нова, втора сезона од ова популарно шоу. На оваа тема, за тоа што сè може да очекуваме, овојпат разговараме со Јована Аврамовска од тимот на Фчерашни.

Прочитај повеќе

Интервју со Жаре, Мешевски и Спасе: Викендов започнува Еден на Еден сезона 8

Прочитајте го интервјуто со Жаре, Мешевски и Спасе, коишто се дел од најгледаното македонско ток-шоу Еден на Еден, а чија осма сезона ќе стартува токму претстојниов викенд.

Прочитај повеќе

Никола Перевски-Пере од "Нокаут": Љубовта е најсилната инспирација за еден уметник

Македонската музичка атракција Нокаут ова лето нè изненади со нов спот, наречен "Trip- Патување" сниман на локации во Барселона и нејзината околина како и во Грција, на кој музиката е на Никола Перевски-Пере, аранжманот на Дарко Димитров, додека текстот е напишан од Александар Ристевски-Принц.

Прочитај повеќе

Марјана Станојковска: Секси танцот кај Жаре беше мој предлог!

Една од најубавите македонки која секогаш зрачи со својата убавина, сексипил, шармантност! Во ова интервју може да прочитате каде се може да ја сретнете Марјана во текот на летото, а можеби и да ја подружите на по едно пиво!

Прочитај повеќе

Ања Ветерова: Сакам светска кариера и напорно работам за да успеам!

Ни една радио станица без нејзиниот хит “Без тебе” не поминува ниту еден ден! Малата слатка девојка Ања Ветерова која многумина ја паметат од дуетот со Паркети - Јас те сакам тебе... Но, таа мала девојка е веќе порасната, па овој пат ви ја преставуваме како една млада дама којашто многу добро знае што сака и знае како да го добие тоа!

Прочитај повеќе

Бруно и Трифун се доказ дека квалитетот излегува на површина, полека, но сигурно!

Македонија секојдневно изненадува со таленти од најразлични области... Овој пат ТОЧКА го имаше задоволството да разговара со Бруно Вељановски и Трифун Ситниковски. Овие млади дечки се доказ дека пасијата и визијата се она што го движи човекот напред. Со само 22 години, сè уште студенти, освојуваат со својот шарм, способност и ентузијазам во свет каде милоста не постои!

Прочитај повеќе

Бранко Огњановски: Кој последен се смее, најслатко се смее!

Со него израснаа многу генерации, а неговиот хумор никого не оставa рамнодушен. Бранко за пријателите, Миле Паника за јавноста, повторно се враќа во етер, но овој пат со малку поинаква емисија.

Прочитај повеќе

Саша Ковачевиќ: Ги сакам македонките и македонскиот народ во целина. Секогаш се радувам кога доаѓам тука!

Балканскиот заводник, пејачот Саша Ковачевиќ е особено актуелен со подготовските и промоцијата за неговиот голем солистички концерт во Скопје, закажан на 19-ти март во салата Борис Трајковски. Во продолжение, дознајте нешто повеќе за него во ексклузивното интервју со миленикот на женската публика.

Прочитај повеќе

Каролина Гочева: Љубовта, истрајноста и повисоките цели се мои животни водилки!

Македонската публика ја познава како исклучително дете – талент, од нејзиниот прв настап на фестивалот СИ-ДО во Битола, кога имаше само 10 години. Оттогаш, нејзината кариера е во постојан подем.

Прочитај повеќе

Елена Велевска: Во Македонија има повеќе ѕвезди на земја, отколку на небо!

Елена Велевска е најзгодната фолк пејачка во Македонија и е мајка на три дечиња. Ги прати светските трендови, изгледа совршено, ја негува македонската народна музика и нема влакна на јазикот. Иако е пребукирана со настапи сепак издвои време за интервјуто за Точка и ексклузивно ни подари дел од најновата фотосесија работена со Кристина Затуровска. Со Елена поразговаравме за женски теми, но и за сите интриги на естрадата.

Прочитај повеќе