ТОЧКА ПОЧЕТНА    СУПЕРМЕН    КАРМИН    
 
МОДА И УБАВИНАФИТНЕС И ДИЕТИЛИБИДОКАРИЕРАДОМ И ДИЗАЈНФАМИЛИЈАКУЈНА И РЕЦЕПТИАСТРО

Намирници кои Ви ја “крадат” енергијата
17.02.2017 | 17:36
Извор: Кармин
Прочитано: 3707 пати

Дали некогаш сте се запрашале зошто Вашата енергија нагло опаѓа во попладневните часови? Можеби виновникот за тоа е Вашиот омилен појадок, ужина или ручек.

Нутриционистите објаснуваат дека некои од намирниците кои ги консумираме се одлични “крадачи” на енергијата. Проверете дали некоја од Вашaта омилена храна е на оваа листа:

Банани

Намирниците богати со магнезиум, како што се бананите или семките од тиква можат да Ве направат уморни. Овој минерал делува на опуштање на мускулите, па затоа оставете го неговото консумирање за пред спиење, бидејќи во текот на денот може да има несакан ефект, објаснуваат експертите.

Бел леб

Јаглехидратите со висок гликемиски индекс, како што се белиот леб или оризот, не ги содржат клучните елементи за чувство на ситост. Исто така, тие за разлика од интегралните житарки не содржат влакна, па поради тоа брзо се разградуваат и не Ви ја пружаат потребната енергија во текот на денот.


Црвено месо

Високото ниво на масти во црвеното месо, како што е бифтекот или хамбургерите, можат да предизвикаат чувство на поспаност. Тоа е поради големото количество на енергија кое Вашето тело ја троши за да ја свари оваа храна. Наместо црвено месо, консумирајте риба – намирниците со омега-3 масни киселини ќе Ви ја вратат енергијата и ќе Ви ја подобрат концентрацијата.

Цреши

Истражувањата покажуваат дека црешите и нивниот сок помагаат при спиењето, бидејќи содржат мелатонин. Црешите се одлични во регулирање на сонот, така што одбегнувајте ги во текот на денот.

Слатки

Консумирањето на десерти со високо количество на шеќери по ручекот може да Ве успие неверојатно брзо. Шеќерот кој го внесувате во телото ослободува инсулин, кој пак ослободува триптофан аминокиселини во мозокот, кои предизвикуваат поспаност.

Кафе

Иако ова делува неверојатно, нутриционистите тврдат дека пијалоците богати со кофеин, како кафето и чајот, можат да предизвикаат умор. Овие напитоци даваат брза доза на енергија која потоа нагло опаѓа. Затоа, ограничете го внесот на кофеин од 200 до 300 милиграми на ден.


КОМЕНТАРИ
НАЈНОВО ОД ФИТНЕС И ДИЕТИ

ЖИВОТНА ТРАНСФОРМАЦИЈА
Момчето ја навредувало поради нејзиниот изглед – сега ја бара назад!
Оваа девојка со години трпела злоставување од своето момче, а потоа одлучила да сврти нов лист и да промени сè.
21.02.2017, 11:41


ЗДРАВЈЕ
Ве иритира звукот на џвакање храна? Можеби патите од мисофонија!
Мисофонија (синдром на селективна чувствителност на звук) е состојба во која одредени звуци толку ги излудуваат луѓето, што кај нив предизвикуваат бес, иритација, гадење или во екстремни случаи – насилство.
20.02.2017, 11:36


ЗДРАВЈЕ
Моринга – билка која спречува промени во расположението
Моринга е растение кое содржи многу хранливи материи за нашето тело, има моќ да го зајакне имунолошкиот систем и поради лековитите својства, се користи веќе илјадници години.
18.02.2017, 11:30


НАРУШУВАЊА ВО ИСХРАНАТА
Орторексија: Кога здравата храна станува опсесија
Анорексијата и булимијата се добро познати пореметувања во исхраната, додека за орторексијата сè уште ништо не се знае.
16.02.2017, 09:11


БРЗИ РЕЗУЛТАТИ
Еднодневна диета со зелен чај и млеко
Веројатно до сега сте слушнале за позитивните ефекти од зелениот чај, но веројатно не знаете дека постои диета со зелен чај и млеко која уште се нарекува и чајна диета.
15.02.2017, 09:14


НАЈЧИТАНИ
24чaса7дена30дена

Момчето ја навредувало поради нејзиниот изглед – сега ја бара назад!
Оваа девојка со години трпела злоставување од своето момче, а потоа одлучила да сврти нов лист и да ...
ЛОШИ СОНИШТА
Морничави факти кои не сте ги знаеле за кошмарите
КУЌИТЕ НА СЛАВНИТЕ
Новиот дом на Иванка Трамп
УЛИЧНА МОДА
Постари брачни парови кои поседуваат неверојатен стил
ЗДРАВЈЕ
Моринга – билка која спречува промени во расположението

ВИДЕО ВЕСТИ

Откриени најголемите лаги на beauty блогерките
Не се само филтрите на телефонот “виновници” за совршените Инстаграм фотографии.
ЖИВОТНА ТРАНСФОРМАЦИЈА
Момчето ја навредувало поради нејзиниот изглед – сега ја бара назад!
ВКУСЕН ДЕСЕРТ
Како да ги подготвите совршените Макаронс?

ФОТО ВЕСТИ

Ја нарекуваат Црна Барбика: Оваа девојка го освои светот со нејзиниот тен и продорните очи!
Не им требаше долго на корисниците на социјалните мрежи и Интернетот да се заљубат во неа!
ЖИВОТНА ПРИКАЗНА
Побарале да го напушти базенот за да не ги зарази другите – причината е апсурдна!
МОТИВАЦИЈА
42 килограми за 10 месеци: Оваа девојка успеала да го оствари сонот на милион жени!

ФЕЈСБУК 'LIKE BOX'

   
 
  НЕ ПРОПУШТАЈТЕ


Поддржано од Tocka.com.mk, во сопственост на Точка Медиа | Маркетинг