ТОЧКА ПОЧЕТНА    СУПЕРМЕН    КАРМИН    
 
МОДА И УБАВИНАФИТНЕС И ДИЕТИЛИБИДОКАРИЕРАДОМ И ДИЗАЈНФАМИЛИЈАКУЈНА И РЕЦЕПТИАСТРО

Мими Јакимовска ве советува: Како да го стопиме салото после Новогодишните празници?
09.01.2017 | 15:55
Извор: Точка
Прочитано: 9934 пати

Поради малку нездравиот начин на исхрана, кој го наложуваше македонската кујна за празниците што изминаа, решивме да поразговараме со лице кое ќе ви даде неколку кратки совети за тоа како да се вратите во, некоја да речеме нормала.

На оваа тема поразговаравме со Мими Јакимовска, промотер на здрав и активен живот.

Новогодишните празници поминаа, јадевме што јадевме, е сега оние што сметаат дека ја покачиле својата телесна тежина или нездраво се хранеле, а се запрашуваат што да правам сега или дали да започнам со диета или вежбање или какви вежби да применувам, еве ги советите на Мими.


Вежбањето е неопходен дел од нашиот животот и се темел на нашето здравје.

Храната и пијалаците што ги внесуваме му ја даваат на телото енергијата што му е потребна за да биде здраво и за да одржуваме здрава телесна тежина. Равенката е добро позната а таа гласи: Внесена енергија (калории) = истрошена енергија.

Ако јадеме повеќе, треба повеќе и да вежбаме. Ако не вежбаме колку што треба, калориите што ќе ги внесеме телото ќе ги складира како масти и обратно. Доколку не внесуваме онолку калории колку што трошиме со вежбање, телото ќе мора да зема од сопствените резерви за сите функции да работат како што треба.

Со годините и без физичка активност, мускулното ткиво заслабнува и на негово место се создава масно ткиво.

Најважни фактори за опаѓање на мускулатурата се:

1. Немање физичка активност
2. Диети со гладување
3. Недоволен внес на добри протеини во храната

Кога вежбаме, појасно мислиме и полесно се движиме. Физичката активност ни го подобрува расположението и ни ја дава потребната енергија. Таа го намалува ризикот од висок крвен притисок и од дијабетес, влијае врз подобрување на психолошка состојба, ги намалува стресот и нервозата и ја подобрува функцијата на мозокот и помага во битката со депресија. Исто така го подобрува сонот, го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања и го забавува процесот на стареење. Помага за контрола на нивото на шеќерот во крвта, го забрзува метаболизмот и одржува здрави коски, мускули и зглобови.


Е сега, што се однесува со вежбите, тие ги делиме на два типа:

Кардио вежби:

Кардио вежби се сите оние вежби кога срцето и белите дробови работат поинтензивно. Со овие вежби системот пумпа кислород. Кардио вежбите се неопходни за одржување здрава телесна тежина, а имаат и многу други корисни ефекти врз здравјето: ја подобруваат циркулацијата, го регулираат крвниот притисок, го зајакнуваат срцето и ги зголемуваат капацитетот и издржливоста на белите дробови.

Вежби со отпор:

Со вежби со отпор постигнуваме тонус на мускулите и го обликуваме телото, а истовремено се подобрува и метаболичката функција, рамнотежата и силата, со што се смалува ризикот од повреда. Со овие вежби се подобрува телесната композиција, се регулира крвниот притисок и се зголемува густината на коските (што е особено важно кај жените).

Колку треба да бидеме физички активни?

Експертите препорачуваат 3-5 пати неделно да вежбаме по 30-45 минути.

Во кратки црти, како треба да се храниме?

3 главни избалансирани оброци и 2-3 ужинки на ден. Тука спаѓаат 1-2 овошки на ден и 1-2 зеленчукови салати. Главните оброци да содржат бело месо и риба и да се пие вода 2-3 литри дневно.

За повеќе информации околу исхрана и телесни вежби можете да не контактирате на нашата Фејсбук страница.

Текстот за Кармин го напиша Мими Јакимовска
Промотер на здрав и активен начин на живот




КОМЕНТАРИ
НАЈНОВО ОД ФИТНЕС И ДИЕТИ

ЗДРАВЈЕ
На што Ве предупредуваат Вашата висина, обем на струк и величина на градник?
Истражувањата откриваат дека високите жени имаат поголеми шанси да заболат од рак од пониските.
24.02.2017, 11:27


ВИШОК КИЛОГРАМИ
Зошто нагло се дебелееме по триесеттите?
Со годините, нашиот метаболизам станува побавен, а организмот е склон кон нагло дебелеење. Меѓутоа, успорувањето на метаболизмот во средните години не е главната причина за брзото накачување на килограмите.
23.02.2017, 09:14


ВЕЖБИ
Дали најмоќната вежба за стомачни мускули е навистина толку ефикасна?
Една девојка се одлучила да ја испроба вежбата во која сите се колнат и да провери дали навистина се добива рамен стомак за месец дена.
22.02.2017, 12:01


ЗДРАВЈЕ
Зошто се ежиме, икаме, проѕеваме и за што служат солзите?
Човековото тело е како машина и ништо не се случува без причина. Можеби сметате дека утринското проѕевање, растегнување и сличните работи се прилично неважни и не влијаат на нашето здравје, но тоа не е точно.
22.02.2017, 10:30


ЖИВОТНА ТРАНСФОРМАЦИЈА
Момчето ја навредувало поради нејзиниот изглед – сега ја бара назад!
Оваа девојка со години трпела злоставување од своето момче, а потоа одлучила да сврти нов лист и да промени сè.
21.02.2017, 11:41


НАЈЧИТАНИ
24чaса7дена30дена

За што служи фиоката под Вашата рерна?
Дали и Вие, како и повеќето жени на светот, ја користите онаа мала фиока под рерната за чување на та...
ЖИВОТНА СТОРИЈА
Фотографија која го расплака светот: Секојдневната борба со ракот на 10-годишниот Дрејк
ВЕЖБИ
Дали најмоќната вежба за стомачни мускули е навистина толку ефикасна?
ЖИВОТНА ПРИКАЗНА
“Бев вдовица и бремена, но потоа повторно се заљубив” – како истата трагедија го спои овој пар?
НЕГА
Масла за лице кои ќе направат чуда за Вашата кожа!

ВИДЕО ВЕСТИ

Дали најмоќната вежба за стомачни мускули е навистина толку ефикасна?
Една девојка се одлучила да ја испроба вежбата во која сите се колнат и да провери дали навистина се...
БЕСПРЕКОРЕН ИЗГЛЕД
Откриени најголемите лаги на beauty блогерките
ЖИВОТНА ТРАНСФОРМАЦИЈА
Момчето ја навредувало поради нејзиниот изглед – сега ја бара назад!

ФОТО ВЕСТИ

Побарале да го напушти базенот за да не ги зарази другите – причината е апсурдна!
Лијан Хантер е девојка која добила псоријаза кога имала само пет години. Низ годините, нејзините дам...
ЖИВОТНА ТРАНСФОРМАЦИЈА
Момчето ја навредувало поради нејзиниот изглед – сега ја бара назад!
СОВЕТИ ЗА УБАВИНА
Тајните на нејзиниот природен изглед: Таа знае како да ја истакне својата убавина

ФЕЈСБУК 'LIKE BOX'

   
 
  НЕ ПРОПУШТАЈТЕ


Поддржано од Tocka.com.mk, во сопственост на Точка Медиа | Маркетинг