ТОЧКА ПОЧЕТНА    СУПЕРМЕН    КАРМИН    
 
МОДА И УБАВИНАФИТНЕС И ДИЕТИЛИБИДОКАРИЕРАДОМ И ДИЗАЈНФАМИЛИЈАКУЈНА И РЕЦЕПТИАСТРО

Иванка Трамп се сели во вила со 6 соби и 7 бањи: Погледнете го сиот тој луксуз “на квадат”!
09.01.2017 | 14:07
Извор: Кармин
Прочитано: 14057 пати

А дали може да претпоставите кои ќе бидат први нејзини соседи?

Иванка Трамп, најстарата ќерка на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, и нејзиниот сопруг Џеред Кушнер, наскоро би можело да им станат соседи токму на Барак Обама во елитната вашингтонска амбасадорска населба Калорама.

Семејството Обама уште во месец мај потврди дека тие изнајмиле куќа од 762 квадратни метри во елитната населба, а на само два блока од нивниот нов дом би требало да се досели Иванка Трамп заедно со сопругот и децата. Информацијата пред неколку дена ја пренесе месечникот The Washingtonian.

Брачниот пар Трамп-Кушнер потпишал договор за купување на куќа којашто е сместена северно од главниот американски град со агенцијата за недвижнини Washington Fine Properties, пишува месечникот, не наведувајќи прецизно за која точно населба станува збор.

Засега не е познато дали некогашната манекенка којашто има огромно влијание врз својот татко е само станар или и сопственик на куќата којашто е продадена на 22-ри декември за 5.5 милиони долари, а во која таа ќе се всели со семејството.

Инаку, споменатата недвижнина во историското предградие на Вашингтон поседува 6 модерно дизајнирани соби и 7 бањи.



А Барак Обама и неговата сопруга Мишел и преходно најавија дека ќе останат во главниот град на САД како нивната најмлада ќерка Саша би можела непречено да го заврши средното училиште. Тие својата нова куќа не ја купиле, туку ја изнајмиле, а недвижнината за последен пат е продадена во месец мај, 2014-та година, и тоа по цена од 5.295.000 долари.

Нивната вила е изградена во 1928-та година, има девет соби и исто толку бањи, гаражен простор за два автомобила како и паркинг простор којшто може да прими до десет возила.

Калорама е инаку историскa населба во Вашингтон, со најголем број на амбасади и резиденции на амбасадори, како и бројни други вашингтонски службеници. Локалните жители веќе се навикнати на постојаното присуство на полицијата и тајните служби во тој дел од градот, па сметаат дека доселувањето на семејството Обама во овој крај ќе направи населбата да стане уште побезбедна.


КОМЕНТАРИ
НАЈНОВО ОД ДОМ И ДИЗАЈН

ЕНТЕРИЕР
Мермерни тапети: Новиот тренд во уредување на домот
Признаваме – ние сме заљубени во овој дезен, а со тоа и во новиот тренд во светот на ентериерот. Мермерот е ИН и едно е сигурно – тој нема да нè напушти набрзо.
25.02.2017, 10:37


КУЌИТЕ НА СЛАВНИТЕ
Новиот дом на Иванка Трамп
Вашингтон е еден од најубавите американски градови, а новиот дом на ќерката на претседателот се наоѓа во еден од елитните квартови на оваа метропола.
20.02.2017, 09:14


ЕНТЕРИЕР
Свежината на овaa хит нијансa ќе го разубави сечиј дом
Бојата што ќе ја одбележи оваа година е дефинитивно зелената, а експертите велат дека таа е одлична за внесување “живот” во секој дом.
14.02.2017, 11:33


ТУРИСТИЧКА АТРАКЦИЈА
Магичната Лапонија – дестинација која сакате да ја посетите!
Лапонија е апсолутна хит зимска дестинација, без разлика дали сте турист или професионален фотограф и авантурист. Ваквата зимска магија мора да ја доживеете барем еднаш во животот.
07.02.2017, 12:24


ЕНТЕРИЕР
Верувале или не: Стан од 32 квадрати има 24 соби!
Архитектот Гари Чанк направил 24 станбени единици во стан од само 32 квадратни метра. Станот се наоѓа во еден од најгусто населените градови - Хонгконг.
04.02.2017, 14:04


НАЈЧИТАНИ
24чaса7дена30дена

За што служи фиоката под Вашата рерна?
Дали и Вие, како и повеќето жени на светот, ја користите онаа мала фиока под рерната за чување на та...
ЖИВОТНА СТОРИЈА
Фотографија која го расплака светот: Секојдневната борба со ракот на 10-годишниот Дрејк
ВЕЖБИ
Дали најмоќната вежба за стомачни мускули е навистина толку ефикасна?
ЖИВОТНА ПРИКАЗНА
“Бев вдовица и бремена, но потоа повторно се заљубив” – како истата трагедија го спои овој пар?
НЕГА
Масла за лице кои ќе направат чуда за Вашата кожа!

ВИДЕО ВЕСТИ

Дали најмоќната вежба за стомачни мускули е навистина толку ефикасна?
Една девојка се одлучила да ја испроба вежбата во која сите се колнат и да провери дали навистина се...
БЕСПРЕКОРЕН ИЗГЛЕД
Откриени најголемите лаги на beauty блогерките
ЖИВОТНА ТРАНСФОРМАЦИЈА
Момчето ја навредувало поради нејзиниот изглед – сега ја бара назад!

ФОТО ВЕСТИ

Побарале да го напушти базенот за да не ги зарази другите – причината е апсурдна!
Лијан Хантер е девојка која добила псоријаза кога имала само пет години. Низ годините, нејзините дам...
ЖИВОТНА ТРАНСФОРМАЦИЈА
Момчето ја навредувало поради нејзиниот изглед – сега ја бара назад!
СОВЕТИ ЗА УБАВИНА
Тајните на нејзиниот природен изглед: Таа знае како да ја истакне својата убавина

ФЕЈСБУК 'LIKE BOX'

   
 
  НЕ ПРОПУШТАЈТЕ


Поддржано од Tocka.com.mk, во сопственост на Точка Медиа | Маркетинг