ТОЧКА ПОЧЕТНА    СУПЕРМЕН    КАРМИН    
 
МОДА И УБАВИНАФИТНЕС И ДИЕТИЛИБИДОКАРИЕРАДОМ И ДИЗАЈНФАМИЛИЈАКУЈНА И РЕЦЕПТИАСТРО

10 строги правила кон кои принцезите мора да се придржуваат: Нивниот живот не е бајка!
05.01.2017 | 15:41
Извор: Кармин
Прочитано: 8248 пати

Животот во кралскиот дворец е преполн со правила, протоколи и формалности, а принцезите, покрај големиот број на привилегии, од некои нешта сепак мора и да се откажат.

Животот на Кејт Мидлтон во потполност се променил кога таа пред речиси шест години влегла во британското кралско семејство. Да се живее во еден кралски дворец секако звучи идилично и бајковито, но таквиот живот е полн и со многу правила, протоколи и формалности, а принцезите, покрај бројните привилегии, од некои нешта сепак мора и да се откажат.

1. Учење на колку што е можно повеќе странски јазици

Современите принцези мора да знаат колку што е можно повеќе странски јазици како, кога ги посетуваат дипломатите од странските земји, поголемиот дел од разговорите би биле водени токму на нивниот мајчин јазик.


2. Откажување од правото на глас

Или така е барем во Англија. И иако за тоа не постои официјален службен закон, жителите на Англија сметаат дека е противуставно за кралското семејство да учествува во изборите, бидејќи тие треба да ја претставуваат целата земја. Значи, кога една жена ќе стане принцеза, за неа нема повеќе гласање на политичките избори ако таа сака нејзиниот народ да ја сака.

3. Откажување од својата “дива страна”

Жената којашто ќе стане принцеза веројатно и не е некој голем бунтовнички тип,но дури и ако имала било каква “дива страна”, таа ќе мора од тој животен стил засекогаш да се откаже кога ќе влезе во кралското семејство. Ниту таа, ниту нејзиното семејство не смеат да си дозволат никакви скандали.


4. Подготвеност за живот полн со формалности

Прекарите никако не се дозволени во кралската палата. А една принцеза секако треба да се навикне на тоа за другите да ја именуваат со “нејзиното кралско височество принцезата...”.

5. Секогаш беспрекорен изглед

Врвните стилисти барем три пати неделно ја фенираат косата на Кејт Мидлтон, но таа мора редовно и да се потстрижува и негува. Кејт во јавност е невозможно да ја видиме во несредено издание и таа е одличен пример за тоа што значи совршено негувана и дотерана принцеза. Да се биде принцеза дефинитивно не е за некој којшто сака често да се облекува во лежерна и опуштена облека.


6. Живот во домаќинство во коешто се следат правилата на кралицата

Кралицата одредува мноштво од ситниците коишто се случуваат во животот на едно кралско семејство. На пример, едно од правилата вели дека вечерата завршува кога кралицата ќе заврши со својот оброк.

7. Посетување на најдобрите училишта и најпрестижните општествени случувања

За една жена да стане принцеза, таа мора најпрво да го запознае својот принц. Најголема веројатност за нешто такво да се случи постои на престижните институции за високо образование, како и на гала вечерите, баловите или хуманитарните случувања. За една принцеза е исто така важно да биде добро образувана бидејќи таа има важно место во општеството.

8. Откажување од било каква кариера

Да се биде принцеза е работа со полно работно време и така и треба да остане. Па дури и ако одела во најпрестижните училишта и стекнала завидни дипломи, принцезата ќе мора да се откаже од својот сон за да изгради своја кариера. Кетрин Мидлтон на пример има диплома по историја на уметност, но воопшто не се занимава со тоа во својот живот.


9. Не смее да биде членка на никаква политичка организација

Принцезата никогаш не би смеела да се кандидира за било каква политичка позиција поради слични причини коишто исто така не дозволуваат гласање на изборите. Принцезата ја претставува целата земја, а кандидирањето за ангажман во некоја политичка партија би создало поделеност.

10. Занимавање со хуманитарна работа

Голем дел од своето време принцезата го минува занимавајќи се со хуманитарна работа, при што треба да претставува грижлива и мајчинска фигура. Поголемиот дел од принцезите се определуваат за една или две хуманитарни цели и работат на подобрувања во тие одредени подрачја.


КОМЕНТАРИ
НАЈНОВО ОД КАРИЕРА

МОДЕРНИ КУРТИЗАНИ
Луксуз и сјај на сите страни: Instagram проститутките откриваат како живеат!
Нивните Instagram профили се преполни со фотографии направени на егзотични и луксузни локации. Тие носат исклучиво само најскапа гардероба, а пари имаат за повеќе од два живота...
14.01.2017, 18:14


ВЛИЈАТЕЛНИ ДАМИ
Реклама од соништата: Меланија Трамп во Белата куќа го повика Маринко од Бања Лука
Меланија Трамп очигледно не ги заборавила оние коишто ја поддржувале додека била само сопруга на претседателскиот кандидат Доналд Трамп.
12.01.2017, 14:42


СВЕТОТ Е МАЃЕПСАН!
Погледнете ги само новогодишните фотографии на најубавото девојче на светот...
Анастасија Кнјазева има само пет години и неа ја сметаат за вистинско “чудо од дете” во светот на моделингот!
03.01.2017, 14:19


СЛАВНИ ПАРОВИ
Тој се ожени за успешна тенисерка, а што сега? Еве како реагирал Бастијан на повлекувањето на Ана од тенисот
Фудбалската ѕвезда почека за страстите да се смират, за да им покаже на сите што мисли за одлуката на својата сопруга.
30.12.2016, 16:58


СЛАВНИ ПАРОВИ
Џенифер и Дрејк ја потврдија својата романса со оваа фотографија: А еве што потоа направила Ријана!
Музичарите Џенифер Лопез и Дрејк објавија заедничка фотографија којашто сите ја протолкуваа како потврда за нивната врска.
29.12.2016, 12:18


НАЈЧИТАНИ
24чaса7дена30дена

Гинеколозите не поднесуваат кога жените ќе им го кажат ова: 4 забранети реченици
Гинеколошките прегледи се речиси секогаш непријатни, што нè принудуваат да зборуваме неповрзано...
УПС!
Сакала да сними секси видео – а сега ѝ се смее целиот свет!
ТРЕНДОВИ
Ви го претставуваме новиот тренд за 2017-та година, којшто е потполно бизарен...
СЕЛЕБРИТИ
Ева со неколку килограми одвишок: Дали актерката смеела да си дозволи да избере вакви хеланки?
СОСЕМА ИСКРЕНО
Оваа мајка само со една фотографија направи вистински бум: Дури 18 месеци после породувањето гледам светло!

ВИДЕО ВЕСТИ

Сакала да сними секси видео – а сега ѝ се смее целиот свет!
Заведувањето и флертувањето преку камера повеќе не се никаква новост. Но, кога ќе решите да се впушт...
КОРИСНИ ТРИКОВИ
Вистински мини-трик со кој сите обувки коишто ги поседувате ќе станат водоотпорни!
ТРИКОВИ ЗА ДОМАЌИНКИ
Трик со замрзнат лимон којшто ќе ви го олесни животот: Кога еднаш ќе го пробате, ќе го практикувате засекогаш!

ФОТО ВЕСТИ

Луксуз и сјај на сите страни: Instagram проститутките откриваат како живеат!
Нивните Instagram профили се преполни со фотографии направени на егзотични и луксузни локации. Тие н...
СКАПО ХОБИ
За оваа Србинка пишува и Daily Mail: Нејзината колекција од чанти е “тешка” повеќе од 100.000 евра!
СЕЛЕБРИТИ
Не се знае што е поголем шок, стајлингот, или колку чини сè што гледате на неа...

ФЕЈСБУК 'LIKE BOX'

   
 
  НЕ ПРОПУШТАЈТЕ


Поддржано од Tocka.com.mk, во сопственост на Точка Медиа | Маркетинг