ТОЧКА ПОЧЕТНА    СУПЕРМЕН    КАРМИН    
 
МОДА И УБАВИНАФИТНЕС И ДИЕТИЛИБИДОКАРИЕРАДОМ И ДИЗАЈНФАМИЛИЈАКУЈНА И РЕЦЕПТИАСТРО

Диета со кисело млеко
09.10.2013 | 11:07
Извор: Кармин
Прочитано: 4242 пати

Основна состојка на оваа диета е киселото млеко, намирница која многу позитивно влијае на метаболизмот.

Со помош на оваа диета можете да намалите 5 до 6 килограми за 10 дена. Сепак, имајќи предвид дека е во прашање строга диета, не би требало да се држи подолго од 14 дена. Киселото млеко е многу корисна намирница која ја нормализира активноста на органите за варење, го подобрува имунитетот, помага во отстранување на токсините од телото и го поттикнува метаболизмот.

Додека ја држите оваа диета се препорачуваат следниве намирници:
кисело млеко – 500 г. дневно;
овошје – до 300 г. дневно (освен грозје, диња и лубеница, поради големите количини на шеќери кои ги содржат;
месо – до 100 г дневно (риба, пилешко и мисиркино – без кожа и маснотии);
зеленчук – до 300 г дневно.

Количината на кисело млеко која ќе ја користите во одредени рецепти зависи од вашата желба и вкус. Важно е да изедете 500 г. кисело млеко дневно, а како ќе го распоредите во оброците, останува по ваша желба.


Пример мени за диета:

Појадок: Желе од кисело млеко и малини, шоља зелен чај и шоља чист сок од портокал.

Ручек: Шоља топол чај од билки, ладна супа направена од кисело млеко и краставица исечена на тенки кругови, 100 грама варено месо, салата од краставица, домат и зачински билки, кисело млеко по желба и чаша незасладена топла лимонада.

Попладневна ужина: Домат со кисело млеко. Во киселото млеко додајте малку сенф и сол и кратко измиксајте во блендер.

Вечера: Шоља топол чај од билки, боранија на пареа со кисело млеко, чаша топла лимонада без шеќер.


КОМЕНТАРИ
НАЈНОВО ОД ФИТНЕС И ДИЕТИ

ЗДРАВИ НАВИКИ
Обидете се: Пет навики кои ќе ви го продолжат животот
Дури и ако не сте подготвени да им се посветите на редовните тренинзи, здравата исхрана и осумчасовното спиење, послушајте ги овие пет совети од големите стручњаци кои ќе внесат големо освежување во вашето секојдневие.
20.12.2014, 22:24


ИСТРАЖУВАЊА
Тестирајте се: Вашиот IQ е поврзан со времето кога заспивате и се будите!
Резултатите од истражувањата кои се објавени во списанијата "Psychology Today" и "Study Magazine" ни ја откриваат врската помеѓу спиењето и коефициентот на интелигенција.
19.12.2014, 21:06


ЗДРАВИ НАПИТОЦИ
6 Причини поради кои секојдневно би требало да пиете чај
Чајот е напиток кој може да ве смири кога ви е потребно да се опуштите, или да ве разбуди кога ви е потребно да се сконцентрирате.
19.12.2014, 13:20


ЗДРАВИ НАВИКИ
Начинот на кој ја пиете водата може сериозно да го смени вашиот живот
Без разлика дали се работи за јадењето, пиењето или безброј други природни однесувања на кои никогаш не им посветуваме особено внимание, традиционалната индиска медицина ајурведа, нè учи на идеалниот начин како да ги правиме тие нешта за да се чувствуваме колку што е можно подобро.
18.12.2014, 17:14


ОРАЛНА ХИГИЕНА
Ова е вистината за природните избелувачи на заби
Ако сте загрижени поради тоа што вашите заби со текот на времето добиле жолтеникава боја, веројатно веќе и сте се обиделе да ги избелите со некој природен избелувач.
18.12.2014, 11:48


НАЈЧИТАНИ
24чaса7дена30дена

Обидете се: Пет навики кои ќе ви го продолжат животот
Дури и ако не сте подготвени да им се посветите на редовните тренинзи, здравата исхрана и осумчасовн...
СЕЛЕБРИТИ
Модни промашувања кои нема да ги заборавиме
НЕСЕКОЈДНЕВНИ ПРОФЕСИИ
Таа пие 100 кафиња дневно: Што мислите, дали нешто ѝ фали?
ИСТРАЖУВАЊА
Тестирајте се: Вашиот IQ е поврзан со времето кога заспивате и се будите!
ЗДРАВИ НАВИКИ
Начинот на кој ја пиете водата може сериозно да го смени вашиот живот

ВИДЕО ВЕСТИ

Чудото наречено Фотошоп: Добро ја знаете, но на една насловна страна не би ја ни препознале!
Бритни Спирс се најде на насловната страница на магазинот "Woman’s Health", па возбудено побрза да с...
ЖИВОТОТ Е ВОЛШЕБЕН
Погледнете што се случува кога ќе се пресретнат сперматозоидот и јајце клетката!
НАПРАВИ САМ
Таа зема пегла, салфетка и свеќа, а она што го направи е навистина генијално!

ФОТО ВЕСТИ

Најекстремните пластични операции во 2014-тата: Овие луѓе во потполност го променија својот изглед
Некој со помош на пластичните операции се труди да си отстрани одредена маана на своето тело, додека...
СЕЛЕБРИТИ
Модни промашувања кои нема да ги заборавиме
НЕСЕКОЈДНЕВНИ ПРОФЕСИИ
Таа пие 100 кафиња дневно: Што мислите, дали нешто ѝ фали?

ФЕЈСБУК 'LIKE BOX'

   
 
  НЕ ПРОПУШТАЈТЕ


Поддржано од Tocka.com.mk, во сопственост на Точка Медиа | Маркетинг