ТОЧКА ПОЧЕТНА    СУПЕРМЕН    КАРМИН    
 
МОДА И УБАВИНАФИТНЕС И ДИЕТИЛИБИДОКАРИЕРАДОМ И ДИЗАЈНФАМИЛИЈАКУЈНА И РЕЦЕПТИАСТРО

Најдобри чаеви за слабеење
17.09.2013 | 11:01
Извор: Кармин
Прочитано: 5302 пати

Ова се чаевите кои ќе ви помогнат во слабеењето. Проверете, некој од нив веројатно и веќе имате дома.

Точно дека чаевите можат да бидат добар сојузник во намалувањето на килограмите, но треба да знаете дека за постигнување на резултати најважна е промената на лошите животни навики. Со самото пиење чаеви нема да се постигне целосен ефект.

Зелен чај
За да се произведе зелен чај, свежо напраните листови брзо се ставаат на пареа за да се деактивираат ензимите и на тој начин е спречена ферментација. Токму поради таа минимална обработка зелениот чај содржи големи количини фармаколошки активни состојки на полифенолот - катехини кои поттикнуваат губење на телесната маса, но и благотворно делуваат на целокупното здравје.

Најзначајниот катехин на зелениот чај се нарекува епигалокатехин-3-галат , и токму тој е заслужен за оксидација на мастите и намалување на масното ткиво.

Покрај докажаните ефекти при слабеењето, зелениот чај е ефикасен и во чистење на организмот, бидејќи се покажало дека го зголемува производството на клучните детоксикациски ензими и на тој начин поттикнува излачување на штетните материи од организмот.


Оолонг чај
Оолонг ајот е полуферментиран чај на граница меѓу црн и зелен чај, познат како „ароматичен непријател на мастите“ бидејќи ефикасно го намалуа создавањето на масни наслаги и поттикнува слабеење.

И тој изобилува со полифеноли кои ја зголемуваат потрошувачката на енергија потребна за варење, асопрција и метаболизам на храната.

Препорачаната дневна доза од овој чај е две шољи дневно.


Чај од хибискус
Хибискусот е еден од најубавите цветови од тропските земји. Има препознатива црвена боја и киселкаста арома, како и благотворни својства кои се ценат со векови наназад. Едно од тие својства е регулацијата на телесната маса.

Хибискусот е вреден извор на витамин Ц и флавоноиди кои помагаат во детоксикација на организмот. Хибискусот воедно е и диуретик, па го намалува чувството на подуеност.

Најдобрите ефекти се постигнуваат ако пиете чај од хибискус еднаш до два пати дневно.


Чај од коприва
Во денешно време овој чај намногу се користи при воспаление на мочните патишта и при камчиња во бубрезите, но и како помош за лечење на ревматски тегоби. Сепак, овој чај е одличен и за сите кои сакаат да ја намалат телесната тежина.

Листовите коприва содржат многу хлорофил, органски киселини и 10% минерални соли со доста калциум, калиум, фосфор и железо.

Не се забележани несакани последици при неговото користење, а единствена нуспојава може да бидат желудочни тегоби. Овој чај не се препорачува за оние кои земаат лекови за разредување на крвта.


Чај од лотус
Билката лотус е повеќегодишна водена билка позната како лековито средство во кинеската и индиската традиционална медицина. Значаен дел од хемискиот состав на оваа билка претставуваат полифенолите кои благотворно делуваат на здравјето. Се користи како средство за намалување на крвниот притисок и како намирнициа против стареење на организмот, а едни неодамнешни истражувања покажале и дека влијае во намалување на телесната маса.

Истражувањето покажало дека екстрактот од лотус значајно ја намалува акумулацијата на триглицериди во масното ткиво, а го зголемува разградувањето на масните наслаги.



КОМЕНТАРИ
НАЈНОВО ОД ФИТНЕС И ДИЕТИ

ИСТРАЖУВАЊА
Со утринско сонце, до повитка става!
Истражувањата докажаа дека раното станување и изложување на утринско сонце е навистина многу корисно за нашето здравје и одржувањето на добрата фигура.
25.08.2014, 22:31


ЗДРАВА ИСХРАНА
Овес: Драгоцена намирница која заслужува поголема почит
Денес зборуваме за овесот, за кој треба да се потенцира дека е една исклучително лековита намирница со драгоцена нутриционистичка вредност која се крие во внатрешноста на самото зрно.
21.08.2014, 17:17


ФИТНЕС
Таа е одличен фитнес тренер и на 39 години!
Џенифер Никол Ли (39) е американски фитнес модел и еден вид на гуру за водење на здрав живот. Таа вели дека добрата исхрана и редовното вежбање даваат извонредни резултати.
20.08.2014, 13:22


АКУПРЕСУРА
Главоболка: Oтстранете ја со помош на "хоку" точката
Според верувањата на Кинезите, секоја болест или болка е резултат од нарушен тек на енергијата во нашето тело.
19.08.2014, 19:37


НЕВООБИЧАЕНО
Мајката на Сталоне во топ форма и на 92 години!
Џеки Сталоне, мајката на најпознатиот холивудски акционен актер Силвестер Сталоне, редовно тренира, иако има верувале или не, полни 92 години!
19.08.2014, 18:48


НАЈЧИТАНИ
24чaса7дена30дена

XXXXXL: Ова е Челси, жената со најголеми гради на светот!
Американката Челси Чармс (38) е висока 157 сантиметри, а обемот на нејзините гради изнесува дури 165...
ЉУБОВ И ВРСКИ
Ова се најголемите "глупости" кои заљубените парови ги прават во јавност!
ФИЛМ
Акција во Виена: Том Круз скока од кровови како вистински херој!
ИНТЕРЕСНО
Зошто гравот предизвикува гасови? (видео)
СОВЕТИ
Зачувајте го подолго пријатниот мирис на парфемот

ВИДЕО ВЕСТИ

Зошто гравот предизвикува гасови? (видео)
Некои луѓе просто не сакаат воопшто да јадат грав, додека други го избегнуваат токму поради фактот д...
ЉУБОВ И ВРСКИ
Ова се најголемите "глупости" кои заљубените парови ги прават во јавност!
БИЗАРНО
XXXXXL: Ова е Челси, жената со најголеми гради на светот!

ФОТО ВЕСТИ

XXXXXL: Ова е Челси, жената со најголеми гради на светот!
Американката Челси Чармс (38) е висока 157 сантиметри, а обемот на нејзините гради изнесува дури 165...
ЛУДОСТ
Таа потрошила цели 160.000 евра на операции за да личи на карикатура!
СЕЛЕБРИТИ
"Чудо" во бело: Никој не е како Ева

ФЕЈСБУК 'LIKE BOX'

   
 
  НЕ ПРОПУШТАЈТЕ


Поддржано од Tocka.com.mk, во сопственост на Точка Медиа | Маркетинг